ПОЧИНА ПОСЛЕДНИОТ ГРЧКИ КРАЛ КОНСТАНТИН ВТОРИ

    ПОЧИНА ПОСЛЕДНИОТ ГРЧКИ КРАЛ КОНСТАНТИН ВТОРИКонстантин го наследи престолот во 1964 (Фото: Гети)

    Последниот грчки крал Константин Втори почина на 82 години во Атина. Тој го наследи престолот во 1964 за време на турбулентен период во грчката историја, што кулминираше со воениот удар три години подоцна.

    Константин беше принуден да избега во странство по неуспешниот контрапуч, а монархијата беше укината во 1973 година. На Константин подоцна му беше одземено и грчкото државјанство.

    Тој беше женет за данската принцеза Ане-Мари и имаа пет деца. Во 2002, Константин и неговото семејство добија компензација за нивните имоти во Грција.

    Потомок на данското кралско семејство Гликсбург, Константин беше втор братучед на британскиот крал Чарлс Трети. На престолот дојде како 23-годишник во 1964, четири години откако освои златен медал во едрење на Олимписките игри во Рим.

    Првпат се врати во Грција во 1981 за погребот на мајка му, а од 2010 постојано живееше таму.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира