ПОЧИНА МЕДЛИН ОЛБРАЈТ, ПРВАТА ЖЕНА ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР НА САД

    ПОЧИНА МЕДЛИН ОЛБРАЈТ, ПРВАТА ЖЕНА ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР НА САДОлбрајт беше централна фигура во администрацијата на Бил Клинтон (Фото: АП)

    Медлин Олбрајт, првата жена на функцијата државен секретар на САД, почина од рак на 84 години, потврди Стејт департментот.

    Долгогодишната ветеранка во надворешната политика беше централна фигура во администрацијата на Бил Клинтон, прво како амбасадорка во Обединетите нации, а потоа како прва дипломатка на САД во неговиот втор мандат, со што стана највисоко рангирана жена во американската влада. Бидејќи беше родена во Чехословачка, таа не ги исполнуваше условите да се кандидира за претседател.

    Олбрајт се залагаше за проширувањето на НАТО и ја притискаше алијансата да интервенира на Балканот со цел да се спречат геноцид и етничко чистење, што кулминираше со бомбардирањето на Србија.

    Родена како Марија Јана Корбелова во Прага во 1937, таа беше ќерка на чехословачки дипломат кој бил принуден да избега од земјата по нацистичката окупација во 1939. Во САД се преселила во 1948, а американска државјанка станала девет години подоцна. По докторирањето во 1976 година ја почна повеќедецениската политичка кариера.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира