Триесет и осумгодишен маж е уапсен и обвинет за подметнување пожар во официјалната резиденција на гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро. Коди Белмер се соочува со обвиненија за обид за убиство, тероризам, подметнување пожар и за тежок напад.
Тој бил уапсен неколку часа откако Шапиро бил разбуден среде ноќ од властите кои дошле во неговиот дом додека пожарот се ширел. Демократскиот гувернер и неговото семејство биле евакуирани без повреди, но нивниот дом во Харисбург е сериозно оштетен.
„Одбивам да бидам заробен од ропството што некој се обиде да ми го наметне така што нѐ нападна минатата ноќ“, рече Шапиро, кој често се истакнува како иден кандидат за Белата куќа.
Неколку часа пред пожарот, Шапиро и семејството славеле еврејски празник дома. Заменик-началникот на полицијата Џорџ Бивенс кажа дека напаѓачот имал рачно направена запалива направа и бил уапсен во областа на Харисбург. Властите веруваат дека тој ја прескокнал оградата на имотот, влегол во куќата и подметнал пожар, но ова сѐ уште се истражува. Огнот предизвикал значајна штета во еден дел од куќата.
Полицијата кажа дека гувернерот и семејството биле во различни делови од куќата кога почнал пожарот. Шапиро и сопругата Лори имаат четири деца.