ПОЛСКА ГИ ЗАМРЗНА ИСПЛАТИТЕ ОД ЕВРОПСКА ПРОГРАМА ОТКАКО СЕ ОТКРИ ДЕКА ПАРИТЕ СЕ ТРОШЕЛЕ НА ЈАХТИ И СВИНГЕРСКИ КЛУБ

    ПОЛСКА ГИ ЗАМРЗНА ИСПЛАТИТЕ ОД ЕВРОПСКА ПРОГРАМА ОТКАКО СЕ ОТКРИ ДЕКА ПАРИТЕ СЕ ТРОШЕЛЕ НА ЈАХТИ И СВИНГЕРСКИ КЛУБМинистерката Катаржина Пелчинска-Налеч кажа дека ќе се преиспитаат сите 2.400 грантови вредни 282 милиони евра (Фото: Гети)

    Полското министерство за фондови ги запре сите исплати во рамките на повеќемилионска европска програма за хотели, ресторани и културни простори откако биле откриени грантови за јахти, вотка барови и бизнис регистриран на адреса на еден секс клуб. Министерката Катаржина Пелчинска-Налеч кажа дека веќе нема да се распределуваат пари додека одделно не бидат преиспитани сите 2.400 грантови вредни вкупно 1,2 милијарди злоти (282 милиони евра).

    Секоја злота ќе биде проверена“, рече Пелчинска-Налеч.

    Досега биле исплатени 25,8 милиони евра, а остатокот од буџетот на програмата сега е замрзнат. Шемата наречена „ХоРеЦа“ има за цел да им помогне на мали бизниси и угостителски објекти полесно да ги надминат последиците од пандемијата на ковид-19.

    Брисел долго време го блокираше поширокиот фонд за закрепнување од 59,8 милијарди евра за Полска поради спорот со претходната влада околу владеењето на правото во земјата. Парите конечно беа ослободени по победата на сегашниот премиер Доналд Туск на изборите во 2023.

    Интерактивната онлајн мапа на приматели, објавена минатата недела, покажа дека парите од програмата биле трошени на чамци, луксузен мебел и клуб за свингери.

    Овие средства беа наменети за обнова на Полска по пандемијата и за создавање нови работни места. Туск вети развој што сите ќе го почувствуваат. Она што го чувствуваме е огромна смрдеа и огромен долг што сите ќе мора да го вратиме“, рече портпаролот на опозициската партија Закон и ред, Рафал Бохенек.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира