ПОПУЛАРЕН ИНДОНЕЗИСКИ ПОП БЕНД НАСТРАДА НА КОНЦЕРТ ВО НАЛЕТОТ НА ЦУНАМИТО, ДОСЕГА НАД 220 ЗАГИНАТИ

    ПОПУЛАРЕН ИНДОНЕЗИСКИ ПОП БЕНД НАСТРАДА НА КОНЦЕРТ ВО НАЛЕТОТ НА ЦУНАМИТО, ДОСЕГА НАД 220 ЗАГИНАТИЦунамито удрило ноќе без предупредувања (Фото: АП)

    Членови на популарен поп бенд и нивни фанови се меѓу стотици исчезнати по ударот на цунамито во Индонезија, предизвикан од ерупцијата на вулканот Анак Кракатау. Властите објавија дека повеќе од 220 луѓе се загинати, а 843 се повредени, но се стравува дека бројките ќе бидат многу поголеми. Цунамито удрило ноќе без предупредувања, уништувајќи стотици објекти.

    Меѓу погодените подрачја е и популарната плажа Танџунг Лесунг во западниот дел на Јава, кадешто во тој момент концерт одржувал поп бендот „Севнтин“. Потврдено е дека басистот и менаџерот на групата загинале, а се трага по уште двајца членови.

    Меѓу погодените подрачја е и популарната плажа Танџунг Лесунг, кадешто во тој момент концерт одржувал поп бендот „Севнтин“

    Пејачот Риефијан Фаџарса на Инстаграм напиша дека меѓу исчезнатите е и неговата сопруга.

    „Ги загубивме нашиот басист и нашиот менаџер. Тапанарот Енди и гитаристот Херман засега не се пронајдени. Се молам дека наскоро ќе ја пронајдам и мојата сопруга Дилан. Други членови на нашата екипа се живи, но имаат повреди“, изјави Фаџарса.

    Групата работеше заедно 19 години и на Инстаграм има 260.000 следбеници. Токму таму најавија дека од 21 до 23 декември ќе имаат настапи на оваа плажа.

    Драматичните снимки од концертот покажуваат како голем бран удира во бината, отфрлувајќи ги членовите на групата и опремата во публика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира