ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ, СВЕТОТ СЕ СООЧУВА СО НАЈЛОШАТА РЕЦЕСИЈА ОД ГОЛЕМАTA ДЕПРЕСИЈА, НАЈАВИ ММФ

    ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ, СВЕТОТ СЕ СООЧУВА СО НАЈЛОШАТА РЕЦЕСИЈА ОД ГОЛЕМАTA ДЕПРЕСИЈА, НАЈАВИ ММФММФ вели дека ниту една држава нема да избегне економски пад, дури ни најразвиените (Фото: АП)

    Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека глобалната економија ќе го доживее најлошиот пад од Големата депресија во 1930-ите поради пандемијата на коронавирусот и дека владите низ светот треба со заеднички сили да спречат уште полошо сценарио. ММФ смета дека постои голема опасност рецесијата да продолжи и во наредната година, доколку државите не пронајдат координиран одговор на КОВИД-19.

    „Пандемијата на КОВИД-19 може да го фрли светот во досега невидена криза. Нејзиното продолжување ќе ја тестира способноста на владите и централните банки да ја контролираат кризата“, објави ММФ.

    Гита Гопинат, главната економистка на ММФ, вели дека кризата би можела да го намали глобалниот БДП за девет трилиони (9.000 милијарди) долари во наредните две години, односно за 3%.

    Иако ги фали економските потези на земји како Германија, САД, Велика Британија и Јапонија, ММФ вели дека ниту една држава нема да избегне пад.

    „За првпат од Големата депресија, се очекува сите економии да паднат во рецесија. Делумно заздравување се предвидува во првата половина на 2021“, смета Гопинат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира