ПОРАНЕШНИОТ ИТАЛИЈАНСКИ ФУДБАЛЕР РОБЕРТО БАЏО ПОВРЕДЕН ПРИ ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО НЕГОВАТА КУЌА ДОДЕКА ГЛЕДАЛ ФУДБАЛ

    ПОРАНЕШНИОТ ИТАЛИЈАНСКИ ФУДБАЛЕР РОБЕРТО БАЏО ПОВРЕДЕН ПРИ ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО НЕГОВАТА КУЌА ДОДЕКА ГЛЕДАЛ ФУДБАЛИнцидентот се случил додека Баџо и неговото семејство го гледале натпреварот Шпанија-Италија на Европското првенство. (Фото: Гети)

    Поранешниот фудбалер на Јувентус и Милан, Роберто Баџо, е повреден во вооружен грабеж во неговиот дом во северна Италија, објавија локалните медиуми. Инцидентот започнал во 22 часот, кога најмалку пет лица упаднале во вилата на 57-годишниот Баџо.

    „Кориере дела сера“ објави дека насилниот инцидент се случил додека Баџо и неговото семејство го гледале натпреварот Шпанија-Италија на Европското првенство.

    Според АФП, Баџо се обидел да ги спречи провалниците, но еден од нив го удрил со пиштол по челото. Локалните медиуми јавија дека бил однесен во болница и раната му била санирана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира