ПОРАНЕШНИОТ РОМАНСКИ ПРЕМИЕР ДРАГНЕА ПРИСТИГНА ВО ЗАТВОР СЛЕДЕН ОД НОВИНАРИ И ГРАЃАНИ, ТРЕБА ДА ОДЛЕЖИ 3,5 ГОДИНИ

    ПОРАНЕШНИОТ РОМАНСКИ ПРЕМИЕР ДРАГНЕА ПРИСТИГНА ВО ЗАТВОР СЛЕДЕН ОД НОВИНАРИ И ГРАЃАНИ, ТРЕБА ДА ОДЛЕЖИ 3,5 ГОДИНИЛидерот на владејачката ПСД Ливиу Драгнеа сам се пријави во затвор по правосилноста на пресудата. Пред затворот го чекаше група граѓани, кои го навредуваа и фрлаа предмети по неговиот автомобил. (Фото: Диги.ро)

    Најмоќниот политичар во Романија, поранешниот премиер Ливиу Драгнеа, попладнево сам се пријави во затворот Рахова, каде што треба да ја отслужи затворската казна од три и пол години за фиктивни вработувања на партиски членови.

    Тој беше следен од новинари додека патуваше од својот дом до затворот, а пред затворот го чекаа граѓани, кои го навредуваа и фрлаа предмети по неговиот автомобил.

    На Драгнеа, кој е лидер на владејачката ПСД и актуелен собраниски спикер, Врховниот суд вчера му ја потврди затворската казна, која веднаш стана правосилна и тој имаше рок од 24 часа да замине во затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира