ПОЛОВИНА ОД КУЌИТЕ БИЛЕ ДИВОГРАДБИ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ОСТРОВ ИСКИЈА КАДЕ ШТО ПОРОЈНИТЕ ДОЖДОВИ ПРЕДИЗВИКАА СВЛЕЧИШТА И НЕВИДЕНО УНИШТУВАЊЕ

    ПОЛОВИНА ОД КУЌИТЕ БИЛЕ ДИВОГРАДБИ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ОСТРОВ ИСКИЈА КАДЕ ШТО ПОРОЈНИТЕ ДОЖДОВИ ПРЕДИЗВИКАА СВЛЕЧИШТА И НЕВИДЕНО УНИШТУВАЊЕПоројот од кал и остатоци уништи домови и одвлече возила во морето (Фото: Ројтерс)

    Пет тела досега се пронајдени на јужниот италијански остров Искија, кој со денови беше изложен на поројни дождови, што предизвика катастрофални одрони и лизгања на земјиштето. Властите велат дека девет лица и натаму се водат како исчезнати.

    Сместена близу Капри во Тиренско Море, Искија е популарно одредиште за странски и домашни туристи и тука беше снимен филмот „Талентираниот господин Рипли“ од 1999. Сепак, островот се бори и со еден голем проблем: речиси половина од куќите се изградени нелегално.

    Поројот од кал и остатоци уништи домови и одвлече автомобили во морето. Тоа уследи по неколку дена силни дождови во јужна Италија, но сега кога времето се смири, се забележуваат вистинските размери на уништувањето.

    Пет тела се пронајдени, а уште деветмина се водат за исчезнати во калта од свлечиштето (Фото: Гети)

    Повеќе од 100 пожарникари, како и нуркачи се распоредени на Искија за да се обидат да ги расчистат улиците. Оштетени возила се натрупани едни врз други, додека силата на движењето на калта остави трага на уништување во инаку идиличниот пејзаж.

    На Италија ѝ треба национален план за прилагодување на климатските промени за да се обезбеди зградите и инфраструктурата да можат да издржат зачестени феномени како поројни дождови. Ако не го направиме тоа, ќе имаме уште мртви“, изјави министерот за цивилна заштита Нело Мусумеки.

    Владата прогласи вонредна состојба на Искија и префрли почетни два милиона евра за обнова на домовите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира