Португалската влада вели дека нема да почне каков било процес за плаќање репарации за злоделата направени за време на трансатланското ропство и колонијалната ера, спротивно на претходните коментари на португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса.
Од 15. до 19. век, 6 милиони африканци беа киднапирани и присилно транспортирани преку Атлантскиот океан со португалски бродови и продадени во ропство, најмногу во Бразил.
Ребело де Соуса претходно во саботата кажа дека Португалија би можела да искористи неколку методи за плаќање репарации, вклучувајќи откажување на долгот на поранешните колонии и обезбедување финансии.
Во соопштение, португалската влада кажа дека „сака да ги продлабочи заемните односи, почитта за историската вистина и растечката интензивна и блиска соработка, базирана на помирување на братски народи“. Но, понатаму во соопштението се вели дека „нема процес, ниту програма или конкретни дела“ за плаќање репарации.
Португалската колонијална ера траеше над пет века, а под португалска власт беа Ангола, Мозамбик, Бразил, Сао Томе и Принципе, Источен Тимор и други територии во Азија.