ПОТОНА ПОДМОРНИЦА СО РУСКИ ТУРИСТИ КАЈ БРЕГОТ НА ЕГИПЕТ, НАЈМАЛКУ ШЕСТМИНА ПОЧИНАТИ

    ПОТОНА ПОДМОРНИЦА СО РУСКИ ТУРИСТИ КАЈ БРЕГОТ НА ЕГИПЕТ, НАЈМАЛКУ ШЕСТМИНА ПОЧИНАТИВо подморницата на компанијата „Синдбад“ имало 45 туристи

    Најмалку шест луѓе загинаа откако потона туристичка подморница покрај брегот на Египет. Уште девет лица се повредени во несреќата, што се случи кај популарната туристичка дестинација Хургада. Властите кажаа дека четворица од повредените се во критична состојба.

    Во подморницата на компанијата „Синдбад“ имало 45 туристи, вклучувајќи деца, кога потонала близу пристаништето. Руската амбасада во Каиро потврди дека најмалку четворица од загинатите се руски државјани, додавајќи дека сите патници биле Руси.

    Причината за потонувањето е непозната, а властите засега не го потврдија конечниот број мртви.

    „Најголемиот дел од патниците се спасени и превезени во нивните хотели или во болниците во Хургада. Нивната состојба не е загрижувачка“, кажаа локалните власти.

    Локалните медиуми објавија дека „Синдбад“ организира туристички тури со години и располага со две рекреативни подморници, кои овозможуваат нурнување 25 метри под површината на морето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира