ПОВЕЌЕТО ГЕРМАНЦИ ВЕРУВААТ ДЕКА ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ НЕ СЕ СПОСОБНИ ДА СЕ СПРАВАТ СО ШПИОНИ

    ПОВЕЌЕТО ГЕРМАНЦИ ВЕРУВААТ ДЕКА ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ НЕ СЕ СПОСОБНИ ДА СЕ СПРАВАТ СО ШПИОНИЕдна од причините за оваа проценка може да е апсењето на осомничениот двоен агент на Федералната разузнавачка служба (БНД) кон крајот на 2022. (Фото: Дојче веле)

    Мнозинството Германци веруваат дека домашните разузнавачки служби не се соодветно опремени за да се справат со странски шпиони, покажа неодамнешното истражување спроведено од институтот за истражување на јавното мислење „ЈуГов“ во име на агенцијата ДПА. Според истражувањето, 55 отсто од учесниците биле на мислење дека германското контраразузнавање не одговара на актуелните предизвици. Само 20% се убедени во спротивното, додека 25% немаат мислење.

    Една од причините за оваа проценка може да биде апсењето на осомничениот двоен агент на Федералната разузнавачка служба (БНД) кон крајот на минатата година. Се тврди дека долгогодишниот вработен во БНД ѝ предал тајни информации на руската разузнавачка служба. Тој е обвинет за предавство.

    Последниот таканаречен крт во БНД беше разоткриен во 2014. Две години подоцна, тој беше осуден на осум години затвор за повеќегодишна шпионажа, пред се за американската разузнавачка служба ЦИА.

    Оние кои гласаа за Демохристијаните, Зелените или Социјалдемократите на последните избори имаат поголема доверба во германското контраразузнавање од оние кои гласаа за екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) или, во другата крајност, Левицата. Партијата Левица е за укинување на Управата за заштита на Уставот како тајна служба. АфД, во меѓувреме, се обидува да ја укине класификацијата на партијата како осомничена десничарска екстремистичка група од домашната тајна служба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира