ПОЖАР ВО КАТЕДРАЛАТА ВО НАНТ, ВЛАСТИТЕ ВЕРУВААТ ДЕКА Е ПОДМЕТНАТ

    ПОЖАР ВО КАТЕДРАЛАТА ВО НАНТ, ВЛАСТИТЕ ВЕРУВААТ ДЕКА Е ПОДМЕТНАТВо пожарот се уништени прозорците и големите оргули (Фото: АП)

    Пожарот што денеска избувна во катедралата во Нант е можеби намерно предизвикан, изјавија обвинителите.

    „Лоцирани се три огнови и покрената е истрага за намерно подметнување“, изјави обвинителот Пјер Сенес.

    Во пожарот се уништени прозорците и големите оргули во катедралата Сен Пјер и Сен Пол, која датира од 15. век. Ова следува една година по големиот пожар во Нотр Дам, но властите велат дека сега не станува збор за исто сценарио.

    „Пожарот е сконцентриран на оргулите, кои целосно се уништени. Платформата на која што се сместени е многу нестабилна и постои ризик од уривање. Покривот не е оштетен“, изјави шефот на противпожарната служба во Нант Лоран Ферле.

    Пожарот почнал во утринските часови и го гаснеле над 100 пожарникари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира