ПРЕМИЕРОТ НА МАЛТА НАЈАВИ ОСТАВКА СРЕДЕ КРИЗАТА ОКОЛУ УБИСТВОТО НА НОВИНАРКАТА ГАЛИЦИЈА

    ПРЕМИЕРОТ НА МАЛТА НАЈАВИ ОСТАВКА СРЕДЕ КРИЗАТА ОКОЛУ УБИСТВОТО НА НОВИНАРКАТА ГАЛИЦИЈАВо Валета се одржа голем протест на кој беше побарана моментална оставка на Мускат (Фото: Ројтерс)

    Премиерот на Малта Џозеф Мускат објави дека ќе поднесе оставка по Нова година среде кризата околу убиството на новинарката Дафне Карвана Галиција. Тој кажа дека ќе побара од Лабуристичката партија да почне постапка за избор на негов наследник на 12 јануари.

    „Малта мора да почне ново поглавје и само јас можам да дадам таков сигнал“, изјави Мускат.

    На големиот протест во Валета се бараше моментална оставка на Мускат поради начинот на кој се води истрагата за убиството на Галиција, која загина во 2017 година откако под нејзиниот автомобил беше подметнат експлозив. Оставки претходно поднесоа шефот на кабинетот на Мускат и министрите за економија и туризам.

    Малтешкиот бизнисмен Јорген Фенех вчера е обвинет за вмешаност во убиството на Галиција, а тројца браќа се уапсени под обвинение дека ја подметнале бомбата под автомобилот, за што, како што признале, добиле 150.000 евра.

    Мускат дојде на власт пред шест години и во меѓувреме уште еднаш победи на изборите.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари