Најдолговечниот претседател на светот Теодоро Обијанг Нгуема Мбасого ќе го продолжи своето четиридецениско авторитарно владеење во Екваторијална Гвинеја, откако го освои шестиот мандат на последните избори. Осумдесетгодишниот Обијанг освоил речиси 95% гласови, објавија официјални лица шест дена по изборите.
На изборите имаше и неколкумина опозициски кандидати, но на ниеден не му се даваа шанси.
„Продолжуваме да бидеме голема партија“, изјави Обијанг.
Тој владее со цврста рака во оваа централноафриканска држава богата со нафта, додека клучни позиции во владата држат негови роднини. На власт дојде со пуч во 1979 година и во меѓувреме преживеа неколку обиди за насилно соборување.
Откако ја презеде власта од својот вујко Франсиско Масијас Нгуема, Обијанг спроведе некои реформи, но ја задржа апсолутната контрола врз земјата, каде што нема слободни медиуми. Тој се обвинуваше и за кршење на човекови права и изборни измами.