ПРИШТИНА ИЗБРА АРХИТЕКТ ЗА НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК

    ПРИШТИНА ИЗБРА АРХИТЕКТ ЗА НОВ ГРАДОНАЧАЛНИКПерпарим Рама победи како кандидат на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (Фото: АП)

    Еден од најугледните косовски архитекти Перпарим Рама ќе биде новиот градоначалник на Приштина. Како кандидат на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, тој во вториот круг на локалните избори го победи бившиот министер за здравство Арбен Витија од владејачката партија Самоопределување.

    Рама е роден во Приштина во 1976, а на 16 години се преселил во Велика Британија, каде што студирал архитектура. Тој беше првиот претставник на Косово на Венециското биенале на архитектура во 2012, а како архитект работел на проекти во Англија, САД, Швајцарија, Чешка и Албанија.

    Како еден од главните проекти во својата изборна програма Рама го истакна редефинирањето на центарот на Приштина, во кој ќе се промени целата хиерархија на сообраќајот, во која пешаците ќе бидат на првото место, пред јавниот и алтернативниот превоз. Тој вети и дека големи површини асфалт ќе бидат заменети со зеленило, калдрма и материјали за пешачки патеки.

    „Моите храбри и големи инфраструктурни проекти ќе ја развиваат Приштина во наредните децении“, кажа Рама.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира