ПРИЗЕМЈЕНИ ДВА АВИОНА НА „ЕМИРЕЈТС“ ВО АТИНА ПОРАДИ ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОМНИТЕЛЕН ПАТНИК

    ПРИЗЕМЈЕНИ ДВА АВИОНА НА „ЕМИРЕЈТС“ ВО АТИНА ПОРАДИ ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОМНИТЕЛЕН ПАТНИКАвион Боинг 777 на „Емирејтс“, каков што беше приземјен во Атина, на аеродромот во Болоња. (Фото: СДК.МК)

    Еден авион на „Емирејтс“ воопшто не полета од атинскиот аеродром „Елефтерос Венизелос“, а друг мораше да се врати на аеродромот во придружба на два воени авиони откако грчките власти добиле информација од САД за сомнителен арапски патник.

    Авионот кој требаше да полета за Дубаи остана на пистата и сите патници биле проверени и од полицијата и антитерористичките единици и не било пронајдено ништо сомнително.

    Но, вториот авион веќе полетал за Њујорк и мораше да биде вратен од над Италија. Како што се процедурите во вакви случаи, на враќање за Атина беше придружуван од два авиона Ф-16.

    Авионот веќе слета на атинскиот аеродром и проверките се во тек.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира