ПРОНАЈДЕН ДЕЛ ОД СКАПОЦЕНИОТ НАКИТ УКРАДЕН ОД МУЗЕЈ ВО ДРЕЗДЕН ВО 2019

    ПРОНАЈДЕН ДЕЛ ОД СКАПОЦЕНИОТ НАКИТ УКРАДЕН ОД МУЗЕЈ ВО ДРЕЗДЕН ВО 2019Украдените предмети се дел од колекција создадена во 1723 година (Фото: АП)

    Германската полиција објави дека вратила бројни скапоцености од 18. век кои беа украдени од музеј во Дрезден во 2019 година. Се проценува дека вкупната вредност на украдените предмети во тој спектакуларен грабеж изнесувала 113 милиони евра.

    Властите кажаа дека 31 предмет се вратени во музејот Зелен трезор, откако изминатата ноќ биле обезбедени во Берлин. Тие биле пронајдени по разговорите со адвокатите на шестемина мажи, на кои моментално им се суди за грабежот. Меѓу пронајдените предмети е голем дијамантски брош во облик на ѕвезда.

    Украдениот накит е дел од колекција создадена од владетелот на Саксонија, Август Силниот, во 1723 година.

    Досега, сепак, не се пронајдени сите украдени предмети, а меѓу нив е и еполета која содржи скапоцен камен познат како Дрезденски бел дијамант.

    Судењето на крадците почна во август и треба да продолжи во вторник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира