Еден од 12-те исчезнати патници на траектот што во петокот се запали во близина на островот Крф е пронајден жив, соопштија властите. Белорускиот камионџија (21) се скала се спушти од траектот до спасувачкиот чамец. Неговите први зборови беа: „Кажи ми дека сум жив“.
Возачот за грчките медиуми изјави дека слушнал други гласови на бродот. Единаесет лица се водат како исчезнати, додека повеќе од 270 се спасени и пренесени на Крф.
Траектот „Еурофери Олимпија“ под италијанско знаме се запали на пат кон италијанското пристаниште Бриндизи. Причината за пожаро уште се истражува, а капетанот и двајцата инженери беа накратко приведени за да дадат исказ пред да бидат ослободени. Малите пожари и денеска продолжија да горат во внатрешноста на бродот, откако беше одвлечен во безбедна област северно од Крф, објави грчкиот весник „Катимерини“. Се смета дека сите исчезнати лица се возачи на камиони од Бугарија, Грција и Турција, соопштија претходно грчките власти.
„Еурофери Олимпија“ тргна од Игуменица во Грција за Бриндизи кога избувна пожарот на палубата за автомобили. Според компанијата, официјално имало 239 патници и 51 член на екипажот. Спасен е и авганистански државјанин кој не бил регистриран како патник на бродот.