ПРОНАЈДЕНИ ОСТАТОЦИ ОД ИНДОНЕЗИСКАТА ПОДМОРНИЦА ШТО ИСЧЕЗНА ВО СРЕДАТА, НЕМА НАДЕЖ ЗА 53-ЦАТА МОРНАРИ

    ПРОНАЈДЕНИ ОСТАТОЦИ ОД ИНДОНЕЗИСКАТА ПОДМОРНИЦА ШТО ИСЧЕЗНА ВО СРЕДАТА, НЕМА НАДЕЖ ЗА 53-ЦАТА МОРНАРИПодморницата исчезна за време на воена вежба покрај брегот на Бали (Фото: Шатерсток)

    Меѓународниот спасувачки тим кој од средата трагаше по исчезнатата индонезиска подморница пронашол остатоци, при што веќе нема надеж дека некој од 53-цата членови на екипажот е жив, кажа шефот на армијата.

    Адмиралот Јудо Маргоно потврди дека спасувачите пронашле неколку делови од подморницата „КРИ нангала 402“, која исчезна за време на воена вежба покрај брегот на Бали. Властите кажаа дека веќе не се надеваат дека ќе пронајдат преживеани, очекувајќи залихите на кислород да се потрошат до утрово.

    Во акцијата на спасување беа вклучени шест воени брода, а помош испратија и САД, Австралија, Индија, Малезија и Сингапур,

    Контакт со подморницата од германско производство бил изгубен во средата наутро откако екипажот побарал дозвола за нурнување. Војската верува дека таа не успеала да изведе вонредна процедура за искачување откако се спуштила до длабочина од 600-700 метри, што е под нејзините способности за преживување.

    Подморницата била изградена во 1970-ите, а пред десетина години била на двегодишен ремонт во Јужна Кореја и била во добра состојба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира