ПРОПАДНА НАЈСТАРАТА ТУРИСТИЧКА КОМПАНИЈА НА СВЕТОТ „ТОМАС КУК“, 150.000 ЛУЃЕ ВЕДНАШ МОРА ДА СЕ ВРАТАТ ОД ОДМОР

    ПРОПАДНА НАЈСТАРАТА ТУРИСТИЧКА КОМПАНИЈА НА СВЕТОТ „ТОМАС КУК“, 150.000 ЛУЃЕ ВЕДНАШ МОРА ДА СЕ ВРАТАТ ОД ОДМОРБританската влада обезбеди 45 чартери летови за итно враќање на своите државјани од одмор (Фото: Ројтерс)

    „Томас Кук“, најстарата туристичка компанија на светот, и официјално банкротираше и веднаш престанува со работа. Британската агенција за цивилно воздухопловство објави дека компанијата со 178-годишна традиција во ист момент престанува со превоз на патници, со што 150.000 луѓе се принудени веднаш да прекинат со одморот и да се вратат дома.

    Питер Фанкхаузер, извршниот директор на „Томас Кук“, изјави дека пропаѓањето на компанијата е многу тажен момент, извинувајќи се на милиони муштерии и на илјадници вработени.

    „Томас Кук“ има 22.000 вработени низ цел свет, од кои 9.000 во Велика Британија. Британската влада изјави дека обезбедила 45 чартери летови за враќање на своите државјани од одмор.

    „Томас Кук“ е основана во 1841 година, првично со цел организирање на локални излети, преживеа две светски војни и беше зачетник на масовниот туризам и на туристичките пакет-аранжмани. Компанијата управуваше со хотели, одморалишта и со авиони и годишно имаше 19 милиони муштерии, но пропадна откако натрупа долгови од 1,7 милијарди фунти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира