Владимир Путин кажа дека Русија води вистинска војна и во говорот за Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва предупреди дека цивилизацијата се наоѓа во пресвртна точка.
„Повторно е почната вистинска војна против нашата татковина, но ние се спротивставивме на меѓународниот тероризам, ќе ги заштитиме жителите на Донбас и ќе ја заштитиме нашата земја“, кажа Путин.
Истакнувајќи дека сака мирна иднина, Путин ги обвини западните елити за сеење омраза и русофобија.
„Западот нема друга цел освен да види пропаст на нашата земја. Битките во кои се решава судбината на нашата татковина секогаш биле свети и национални. Горди сме на учесниците во специјалната воена операција, иднината на земјата зависи од вас“, кажа Путин и повика на минута мочлење за сите паднати руски војници.
Денот на победата над нацистичка Германија е еден од најзначајните празници во Русија и секогаш е проследен со голема воена парада, иако беше најавено дека прославите оваа година ќе бидат намалени. На парадата дојдоа и лидерите на шест бивши советски републики, меѓу кои и на Казахстан, Ерменија и Азербејџан.