ПРВА ПОБЕДА НА НИКИ ХЕЈЛИ НА РЕПУБЛИКАНСКИТЕ ПРЕДИЗБОРИ, ТРАМП И НАТАМУ ИМА ОГРОМНА ПРЕДНОСТ

    ПРВА ПОБЕДА НА НИКИ ХЕЈЛИ НА РЕПУБЛИКАНСКИТЕ ПРЕДИЗБОРИ, ТРАМП И НАТАМУ ИМА ОГРОМНА ПРЕДНОСТХејли е првата жена која победила на републиканските предизбори во главниот град Вашингтон (Фото: АП)

    Доналд Трамп го доживеа првиот пораз на изборите на кои што Републиканците го избираат својот кандидат за годинашните претседателски избори во САД. Ники Хејли изгуби во својата домашна сојузна држава Јужна Каролина, но стана првата жена која победила на републиканските предизбори во главниот град Вашингтон.

    И покрај тоа, Трамп има огромна предност во однос на Хејли и веројатно ќе се соочи со Џо Бајден на изборите во ноември. Таа засега има 43 делегати на национално ниво, додека Трамп ги има 247.

    Бившата амбасадорка на САД во Обединетите нации освои 62,9% гласови во Вашингтон, а Трамп 33,2%. Ова се смета за симболична победа, имајќи предвид дека Вашингтон важи за упориште на Демократите, каде што Републиканците имаат регистрирано околу 23.000 гласачи. Од нив, само 2.035 учествувале на предизборите.

    Трамп доминираше во досегашниот дел од предизборите и се очекува да освои уште делегати во „супервторникот“, кога се гласа во 15 сојузни држави и во една американска територија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира