ПРВПАТ ВГРАДИВМЕ БЕЗЖИЧЕН ЧИП ВО МОЗОКОТ НА ЧОВЕК, ОБЈАВИ ИЛОН МАСК

    ПРВПАТ ВГРАДИВМЕ БЕЗЖИЧЕН ЧИП ВО МОЗОКОТ НА ЧОВЕК, ОБЈАВИ ИЛОН МАСКМаск најави дека првите корисници на чипот ќе бидат оние кои не можат да ги користат своите екстремитети (Фото: Гети)

    Илон Маск објави дека неговата компанија „Неуралинк“ првпат успешно вградила еден од своите безжични чипови во мозокот на човек. Тој додаде дека првичните резултати покажуваат ветувачки нервни импулси и дека пациентот добро закрепнува.

    Целта на компанијата е да го поврзе човечкиот мозок со компјутери и да се бори против сложени невролошки состојби.

    Американската агенција за храна и лекови (ФДА) во мај ѝ даде одобрение на „Неуралинк“ да го тестира чипот на луѓето. Со тоа беше добиено зелено светло за почеток на шестгодишни истражувања, во кое робот хируршки ќе поставува 64 флексибилни нишки, потенки од човечко влакно, во дел од мозокот што ја контролира намерата за движење.

    Овие нишки ќе му овозможат на својот експериментален чип, кој ќе се напојува од батерија што ќе може да се полни безжично, да снима и безжично да емитува мозочни сигнали до апликација која ќе декодира како човекот сака да се движи“, велат од „Неуралинк“.

    Маск кажа дека првиот производ на „Неуралинк“ ќе се вика „Телепатија“. Тој, како што тврди, ќе овозможува контрола на нашиот телефон или компјутер, а преку нив и на секој друг уред, со помош на нашите мисли.

    Првите корисници ќе бидат оние кои не можат да ги користат своите екстремитети“, кажа Маск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира