ПУТИН ГИ ПОФАЛИ НАРОДОТ И ВОЈСКАТА ШТО МУ ОСТАНАЛЕ ЛОЈАЛНИ ВО ПОБУНАТА НА „ВАГНЕР“

    ПУТИН ГИ ПОФАЛИ НАРОДОТ И ВОЈСКАТА ШТО МУ ОСТАНАЛЕ ЛОЈАЛНИ ВО ПОБУНАТА НА „ВАГНЕР“Путин кажа дека народот и војската во ниеден момент не ги поддржаа бунтовниците (Фото: Спутник)

    Кремљ ги отфрли тврдењата дека саботната побуна на „Вагнер“ ја нарушила моќта на Владимир Путин, опишувајќи ги таквите размислувања како хистерија.

    Во исто време, Путин се обрати пред 2.500 припадници на безбедносните сили собрани во Кремљ, на кои им се заблагодари за тоа што останале лојални за време на побуната.

    „Вие буквално спречивте граѓанска војна, вие постапивте правилно и координирано. Народот и војската во ниеден момент не ги поддржаа бунтовниците“, изјави Путин и побара минута молчење за пилотите кои загинаа за време на побуната.

    Борците на „Вагнер“ соборија неколку воени летала на пат кон Москва, но не наидоа на отпор на земја. Според руските воени блогери, загинале најмалку 13 пилоти.

    Властите денеска ги отфрлија сите обвиненија против учесниците во побуната и нејзиниот лидер Евгени Пригожин, со што исполнија еден од условите од договорот за деескалација на ситуацијата. Кремљ кажа дека нема информации каде се наоѓа Пригожин, на кого му беше дозволено да замине во Белорусија, додека неговите борци ќе бидат разоружени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира