ПУТИН ГО СМЕНИ ШОЈГУ, НОВ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА ЌЕ БИДЕ АНДРЕЈ БЕЛОУСОВ

    ПУТИН ГО СМЕНИ ШОЈГУ, НОВ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА ЌЕ БИДЕ АНДРЕЈ БЕЛОУСОВШојгу ќе биде нов секретар на моќниот руски Совет за безбедност (Фото: Гети)

    Владимир Путин предложи смена на долгогодишниот министер за одбрана Сергеј Шојгу. За нов министер ќе биде назначен актуелниот вицепремиер Андреј Белоусов.

    Шојгу (68), кој дојде на оваа функција во 2012, ќе биде нов секретар на моќниот руски Совет за безбедност, каде што ќе го замени Николај Патрушев.

    Шојгу важи за еден од најблиските соработници на Путин и со негова смена почна да се шпекулира откако беше уапсен неговиот заменик Тимур Иванов, кој беше обвинет за корупција. Тој го доби секторот одбрана иако претходно немаше никакво искуство во армијата и иако често во сенка, имаше клучна улога во руската војна против Украина. Неговата позиција првпат беше разнишана лани, откако влезе во јавен спор со шефот на платениците на „Вагнер“, Евгени Пригожин, кој бараше негова смена поради начинот на кој се води војната во Украина.

    Белоусов, кој е економист по професија, исто така нема воена заднина и аналитичарите сметаат дека Путин на овој начин сака повеќе да ја усогласи руската економија со руските воени напори.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека поставувањето на цивилно лице за министер за одбрана значи дека оваа функција има потреба од иновација.

    Русија станува како Советски Сојуз во средина на 1980-тите, кога голем дел од бруто домашниот производ одеше на воено трошење. Поради тоа, неопходно е да се осигураме воените трошоци да бидат подобро интегрирани во целокупната економија на Русија“, кажа Песков.

    Белосуов се опишува како тврдокорен бранител на државата кој верува дека таа е окружена со непријатели. Пред да стане вицепремиер, неколку години беше помошник на Путин и отворено ја поддржуваше анексијата на Крим.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира