ПУТИН КАЖА ДЕКА „ВАГНЕР“ БИЛ ЦЕЛОСНО ФИНАНСИРАН ОД ДРЖАВАТА

    ПУТИН КАЖА ДЕКА „ВАГНЕР“ БИЛ ЦЕЛОСНО ФИНАНСИРАН ОД ДРЖАВАТАРуските власти кажаа дека групата ќе биде разоружена (Фото: АП)

    Владимир Путин кажа дека платеничката група „Вагнер“ била целосно финансирана од државата. Според него, на групата ѝ биле дадени милијарда долари во периодот од мај 2022 до мај 2023 само за плати и бонуси, пари кои дошле од државниот буџет и министерството за одбрана.

    Секогаш сме ги третирале војниците и заповедниците на групата со голема почит, зашто тие навистина покажаа храброст и херојство. Властите ќе испитаат како се трошеле парите што ги добивале Пригожин и ‘Вагнер‘“, кажа Путин.

    Откако одби да се стави под контрола на руското министерство за одбрана, групата предводена од Евгени Пригожин во саботата почна побуна, при што го окупираше Ростов на Дон и зазеде воени објекти во Воронеж на пат кон Москва. Притоа биле соборени руски хеликоптери и еден авион, при што загинал непознат број пилоти. И покрај тоа, Путин ги амнестираше Пригожин и останатите бунтовници, откако претходно ги обвини за предавство.

    Руските власти кажаа дека групата ќе биде разоружена, а на нејзините припадници ќе им бидат понудени три опции: да заминат во Белорусија, да потпишат договор со министерството за одбрана или да се вратат кој своите семејства.

    Пригожин денеска пристигна во Белорусија, чиј претседател Лукашенко кажа дека и неговите борци се добредојдени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира