ПУТИН НАРЕДИ ДА СЕ ПРОШИРИ ТАМПОН-ЗОНАТА ВО УКРАИНА ВО 2026

    ПУТИН НАРЕДИ ДА СЕ ПРОШИРИ ТАМПОН-ЗОНАТА ВО УКРАИНА ВО 2026Путин ја прикажува тампон-зоната како начин за потиснување на украинските сили и оружје подалеку од границата (Фото: Кремљ)

    Шефот на генералштабот на руската војска Валери Герасимов кажа дека руските сили се во офанзива во североисточна Украина откако Владимир Путин наредил да се прошири тамошната тампон-зона во 2026. Герасимов кажа дека ова се однесува на пограничните украински региони Суми и Харкив.

    Тој ја посетил воената групација „Север“ формирана во 2024 за да се создаде тампон-зона долж границата и да се истераат украинските сили оттаму. Путин постојано ја прикажува тампон-зоната како начин за потиснување на украинските сили и оружје подалеку од границата за да се спречат прекугранични гранатирања и напади врз регионите Белгород и Курск.

    Киев смета дека идејата за тампон-зона е само оправдување за натамошно напредување на руските сили.

    Руските планови за Харкив и Суми се луди и ќе се спротивставиме на тоа“, рече Володимир Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира