ПУТИН НАРЕДИ НАЈПОЗНАТАТА РУСКА ИКОНА ДА СЕ ПРЕСЕЛИ ОД МУЗЕЈ ВО ЦРКВА, И ПОКРАЈ ПРОТЕСТИТЕ НА ЕКСПЕРТИТЕ

    ПУТИН НАРЕДИ НАЈПОЗНАТАТА РУСКА ИКОНА ДА СЕ ПРЕСЕЛИ ОД МУЗЕЈ ВО ЦРКВА, И ПОКРАЈ ПРОТЕСТИТЕ НА ЕКСПЕРТИТЕРускиот патријарх Кирил кажа дека иконата ќе остане во Храмот на Христос Спасителот една година (Фото: АП)

    Најпознатата руска икона денеска беше преселена од музеј во главниот московски православен храм, и покрај жестоките протести на нејзините досегашни чувари. Иконата „Тројство“ од Андреј Рублев, која се чуваше во галеријата „Третјаков“ од 1920-ите, отсега ќе биде изложена во Храмот на Христос Спасителот, откако тоа лично го наредил Владимир Путин.

    Ненадејната одлука на Путин да ја предаде иконата од 15. век на црквата беше следена од силни негодувања од галеријата „Третјаков“, од каде што посочуваа дека делото бара постојана грижа за да се спречи неговото пропаѓање. Рускиот патријарх Кирил отпушти висок свештеник кој застана на страната на галеријата.

    Контроверзите околу иконата продолжија вчера, кога Кирил објави дека таа ќе остане во храмот една година, додека министерството за култура очекуваше нејзино враќање во галеријата за две недели.

    Галеријата веќе еднаш ѝ ја позајми иконата на Руската православна црква на неколку дена, за по враќањето на неа да бидат откриени 61 негативна промена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира