ПУТИН ПОБАРА ОД БИВШ ЗАПОВЕДНИК НА „ВАГНЕР“ ДА РАКОВОДИ СО РУСКИТЕ ДОБРОВОЛНИ ЕДИНИЦИ ВО УКРАИНА

    ПУТИН ПОБАРА ОД БИВШ ЗАПОВЕДНИК НА „ВАГНЕР“ ДА РАКОВОДИ СО РУСКИТЕ ДОБРОВОЛНИ ЕДИНИЦИ ВО УКРАИНААндреј Трошев е ветеран на војните во Авганистан и Чеченија (Фото: Кремљ)

    Владимир Путин се сретна со еден од највисоките поранешни заповедници на платеничката група „Вагнер“, за која Кремљ кажа дека сега работи за министерството за одбрана. Андреј Трошев беше близок соработник на шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, кој загина во авионска несреќа во август, само два месеца откако предводеше побуна во Русија.

    Претседателот Путин побара од Трошев да раководи со доброволните борбени единици во Украина“, објави Кремљ.

    На снимката што ја објави Кремљ, Путин му вели на Трошев дека би можел да ги надгледува доброволните единици кои извршуваат разни борбени задачи во зоната на специјалната воена операција.

    Знаете кои проблеми треба однапред да ги решите за да можат борбените активности да се одвиваат на најдобриот и најделотворен начин“, кажа Путин.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, дополнително појасни дека Трошев сега работи за министерството за одбрана.

    Минатиот месец, Путин им нареди на сите борци на „Вагнер“ и на други руски приватни воени единици да се стават под контрола на Кремљ.

    Трошев, познат под прекарот Седој, е ветеран на војните во Авганистан и Чеченија и му беше доделен медалот Херој на Русија за поддршката на владините сили на Сирија како заповедник на „Вагнер“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира