РАСКОЛ ВО СИРИЗА, ЛЕВИЧАРСКАТА ФРАКЦИЈА СЕ ОТЦЕПИ ЗАШТО НОВИОТ ЛИДЕР КАСЕЛАКИС СТАНАЛ ДЕСНИЧАР

    РАСКОЛ ВО СИРИЗА, ЛЕВИЧАРСКАТА ФРАКЦИЈА СЕ ОТЦЕПИ ЗАШТО НОВИОТ ЛИДЕР КАСЕЛАКИС СТАНАЛ ДЕСНИЧАРСтефанос Каселакис изненадувачки беше избран за нов лидер на Сириза во септември (Фото: Алами)

    Левичарската фракција во најголемата грчка опозициска партија Сириза објави дека се отцепува, откако го обвини новиот лидер дека ја напуштил нејзината основна идеологија и се приклонил кон десничарски популизам. Предводена од поранешниот министер за финансии Еуклид Цакалотос, фракцијата Чадор го обвини неодамна избраниот лидер Стефанос Каселакис дека применува практики видени кај Доналд Трамп.

    Сириза, која е во опозиција од 2019, се наоѓа во хаос откако доживеа тешки порази на изборите во мај и јуни, по што лидерот Алексис Ципрас поднесе оставка и на негово место дојде дотогаш анонимниот Каселакис.

    Поделбата во Сириза стана неизбежна откако Каселакис се закани дека ќе исклучи од партијата тројца угледни членови кои се дел од фракцијата Чадор, сите поранешни министри. Откако стана јасно дека тоа нема да биде лесно изводливо, Каселакис најави дека ќе распише внатрепартиски референдум.

    Каселакис беше избран за нов лидер на Сириза во септември, кога неочекувано ја победи главната фаворитка Ефи Ахциоглу.

    Иако отцепените членови на Сириза не ги објавија своите идни планови, се очекува тие да формираат нова партија. Тие исто така имаат поддршка од најголемиот дел од младото крило на Сириза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира