РЕЧИСИ 100 МРТВИ ВО БОРБИТЕ ВО НАГОРНО-КАРАБАХ, РАСТЕ И БРОЈОТ НА ЦИВИЛНИ ЖРТВИ

    РЕЧИСИ 100 МРТВИ ВО БОРБИТЕ ВО НАГОРНО-КАРАБАХ, РАСТЕ И БРОЈОТ НА ЦИВИЛНИ ЖРТВИЕрменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за напаѓање територии далеку од зоната на конфликтот во Нагорно-Карабах (Фото: ДПА)

    Речиси 100 луѓе загинаа, вклучувајќи и цивили, во жестоките борби помеѓу ерменските и азербејџанските сили во спорниот регион Нагорно-Карабах, кои траат веќе трет ден.

    Оваа планинска енклава е призната како дел од Азербејџан, но од 1994 година е под контрола на етничките Ерменци.

    Самопрогласената република објави дека досега загинале 84 нејзини војници, а има и цивилни жртви. Азербејџан не ги објави своите воени загуби, но кажа дека се убиени десет цивили.

    Воениот судир повторно се обнови во неделата и се заканува да излезе од границите на Нагорно-Карабах. Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за напаѓање територии далеку од зоната на конфликтот во Нагорно-Карабах. Ерменското министерство за одбрана кажа дека азербејџански дрон гаѓал цивилен автобус во пограничниот град Варденис, но притоа немало повредени.

    Ова се најжестоките борби во регионот од 2016 година и двете земји прогласија општа мобилизација и воена состојба во некои области.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира