РОКЕНРОЛ ЛЕГЕНДАТА ЧАК БЕРИ ПОЧИНА НА 90 ГОДИНИ

    РОКЕНРОЛ ЛЕГЕНДАТА ЧАК БЕРИ ПОЧИНА НА 90 ГОДИНИ

    Чак Бери, еден од основачите на рокенрол музиката, почина на 90 години, соопшти полицијата во Мисури, САД. Музичарот бил најден без знаци на живот попладнево по локално време во неговиот дом во Сент Чарлс.

    Тој директно влијаеше на музиката на „Битлс“, „Ролинг стоунс“ и „Бич бојс“ и беше еден од првите музичари примени во Рокенрол салата на славните. Во 1984 година доби Греми за животно дело.

    Негови најпознати хитови се „Џони Би Гуд“, „Рокенрол музика“, „Назад во САД“, „Мемфис, Тенеси“ и „Мејбилин“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира