Жителите на Темишвар, третиот најголем град во Романија, на неделните локални избори избраа германски државјанин за свој градоначалник во наредните четири години.
Доминик Фриц освои 54,8% од гласовите, победувајќи го досегашниот градоначалник Николае Робу, кој не успеа да го освои и третиот мандат.
Триесет и седумгодишниот Фриц е првиот странец кој бил избран за градоначалник во Романија. Тој нема ни романско државјанство, ни романски пасош. Роден е во сојузната држава Баден-Виртемберг, живеел во Берлин и работел во кабинетот на бившиот германски претседател Хорст Келер.
Фриц, кој е член на Зелените, има дозвола за постојано живеалиште во Темишвар, што, според европските закони, му овозможува да гласа и да се кандидира на изборите секаде во рамките на Европска Унија. Ова право беше вклучено во романското законодавство во 2015 година.
Ова не е прв ваков случај во ЕУ. Холанѓанецот Марцел Мајер во 2016 беше избран за градоначалник на малиот дански град Самсе.