РУБИО Ѝ ГО ЧЕСТИТАШЕ НАЦИОНАЛНИОТ ПРАЗНИК НА БУГАРИЈА, ЈА ПОФАЛИ ЗА ИЗГРАДБАТА НА АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРНИ РЕАКТОРИ ЗА 14 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    РУБИО Ѝ ГО ЧЕСТИТАШЕ НАЦИОНАЛНИОТ ПРАЗНИК НА БУГАРИЈА, ЈА ПОФАЛИ ЗА ИЗГРАДБАТА НА АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРНИ РЕАКТОРИ ЗА 14 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИРубио ја нагласи важноста на изградбата на нови нуклеарни реактори со американски дизајн во Бугарија, кои, како што вели тој, ќе ја зголемат стабилноста и безбедноста на енергетското снабдување на земјата. (Фото: Икс)

    Во име на САД, државниот секретар Марко Рубио ѝ честиташе на Бугарија по повод 3 Март – Денот на ослободувањето, нагласувајќи ја силната соработка меѓу двете земји.

    Во соопштението на Стејт Департментот се вели дека пријателството и соработката меѓу владите продолжуваат да растат по 122 години дипломатски односи.

    Рубио ја истакна важноста на изградбата на нови нуклеарни реактори со американски дизајн во Бугарија, кои ќе ја зголемат стабилноста и безбедноста на енергетското снабдување на земјата. Тој ја пофали и одбранбената соработка, вклучително и неодамнешните инвестиции на Бугарија за модернизација на нејзините вооружени сили, кои ја подобруваат безбедноста на земјата и го демонстрираат нејзиниот придонес кон НАТО.

    Во ноември 2024 година, бугарската влада започна со изградба на два нуклеарни реактори со американска технологија, потпишувајќи го првиот голем договор вреден речиси 350 милиони долари. Договорот беше потпишан меѓу нуклеарната централа Козлодуј и конзорциум меѓу американската компанија „Вестингхаус“ и јужнокорејската „Хјундаи“.

    Се очекува првиот од двата нови нуклеарни реактори да почне да произведува електрична енергија во 2034 година. На крајот, се очекува реакторите да чинат повеќе од 14 милијарди долари.

    Исто така, Бугарија во април годинава треба да ги добие првите два од вкупно 16-те борбени авиони Ф-16 од американската компанија „Локид Мартин“. Договорот за набавка на овие авиони беше ратификуван во бугарскиот парламент во 2019 година. Вредноста на договорот 2,5 милијарди долари.

    Бугарија го прославува 3 март како национален празник, како датум на Санстефанскиот договор, потпишан во 1878 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира