РУСИЈА ЕГЗЕКУТИРА ВОЈНИЦИ КОИ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД БОРБИТЕ ЗА АВДИВКА, ВЕЛИ БЕЛАТА КУЌА

    РУСИЈА ЕГЗЕКУТИРА ВОЈНИЦИ КОИ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД БОРБИТЕ ЗА АВДИВКА, ВЕЛИ БЕЛАТА КУЌАРуските и украинските трупи од средина на октомври се заглавени во жестока битка за Авдивка (Фото: Гети)

    Русија егзекутира војници кои се обидуваат да се повлечат од крвавата офанзива во источна Украина, објави Белата куќа. Според американски извори, некои од руските жртви кај Авдивка биле резултат на наредбите на нивните надредени.

    Руските и украинските трупи од средина на октомври се заглавени во жестока битка за овој град на првата линија на фронтот. Се верува дека Русија има претрпено значителни загуби оттогаш. Украина проценува дека околу 5.000 руски војници загинале во битката за Авдивка, додека САД велат дека Русија изгубила најмалку 125 оклопни возила и воена опрема колку за еден баталјон.

    Портпарол на украинската војска кажа дека руските трупи одбиваат да ги напаѓаат украинските позиции кај Авдивка поради големи загуби и дури имало побуни во некои единици.

    Мобилизираните руски сили се недоволно обучени, опремени и подготвени за борба, како што беше случај и за време на неуспешната зимска офанзива минатата година. Руската војска се потпира на тактиката ‘човечки бран‘, фрлајќи огромна бројка слабо обучени војници директно во борба“, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

    Авдивка, каде што борби се водат уште од 2014, своевремено имаше 30.000 жители, но сега се останати само 1.000. Освојувањето на градот би им овозможило на руските трупи да го поместат фронтот, додека Украинците потешко би напредувале во регионот Доњецк.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира