РУСИЈА ИЗВЕДЕ ПРЕКУГРАНИЧЕН НАПАД ВО РЕГИОНОТ ХАРКИВ, УКРАИНА НАСКОРО ОЧЕКУВА И ГОЛЕМА ОФАНЗИВА

    РУСИЈА ИЗВЕДЕ ПРЕКУГРАНИЧЕН НАПАД ВО РЕГИОНОТ ХАРКИВ, УКРАИНА НАСКОРО ОЧЕКУВА И ГОЛЕМА ОФАНЗИВАГрадот Вовчанск утрово бил изложен на силен руски напад (Фото: Икс)

    Украина кажа дека одбила прекуграничен руски напад во североисточниот регион Харкив, откако руските сили се обиделе да се пробијат низ одбранбените линии. Регионалниот гувернер Олег Синехубов изјави дека притоа не е изгубен ниеден метар територија. Сепак,, еден висок украински воен функционер изјави дека руските сили напредувале еден километар во правец на градот Вовчанск и дека нивна цел е создавање на 10-километарска тампон зона во овој регион.

    Властите на Вовчанск изјавија дека градот утрово бил изложен на силен руски напад, при што на цивилите им било кажано да се евакуираат.

    Украина верува дека Русија ќе тргне во нова голема офанзива во следните недели, при што би можела да се обиде да го освои Харкив, зашто во таа област концентрира голем број трупи.

    „Руските прекугранични акции се очекувани. Тие имаат ресурси да ја влошат ситуацијата во пограничните области, но не и да го освојат Харкив“, изјави Андриј Коваленко, шефот на украинскиот Центар за спречување дезинформации.

    Украинското министерство за одбрана соопшти дека Русија го нападнала Вовчанск со наведувани воздушни бомби и артилерија.

    „Непријателот притоа направи обид да се пробие со оклопни возила низ нашите одбранбени линии. Тие напади се одбиени, но борбите продолжуват“, кажаа од министерството, додавајќи дека украинската војска ќе добие засилување во овој регион.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира