Војната во Украина се доближи до границите на Романија откако Русите бомбардираа украински пристанишни објекти во Измаил на реката Дунав. Украинското министерство за одбрана кажа дека во нападот била оштетена опрема за пренос на жито.
Русија интензивно ги ракетира украинските пристаништа откако се повлече од договорот за извоз на украинското жито и тие напади веќе не се фокусирани само на Одеса.
Видео снимено од романската страна на Дунав, на само три километри оддалеченост, покажува голем пожар во Измаил.
Украинските воздушни сили кажаа дека руски дронови ноќеска биле насочени кон Дунав, каде што Украина има две пристаништа. Измаил и Рени. Минатата недела, руски дронови нападнаа скалидишта со жито во Рени, кој исто така се наоѓа блиску до Романија.
Украинските власти кажаа дека во досегашните напади на црноморските пристаништа Одеса и Чорноморск биле уништени 60.000 тони жито. Украина неодамна постигна договор за извоз на своето жито преку Хрватска.