РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА ГО ЗАЗЕЛА ЧАСИВ ЈАР ВО ИСТОЧНА УКРАИНА ПО 16 МЕСЕЦИ БОРБИ

    РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА ГО ЗАЗЕЛА ЧАСИВ ЈАР ВО ИСТОЧНА УКРАИНА ПО 16 МЕСЕЦИ БОРБИЧасив Јар денес е само руина (Фото: Гети)

    Русија објави дека го зазела градот Часив Јар во источна Украина по 16 месеци жестоки борби, што ѝ отвора простор за натамошно напредување. Руското министерство за одбрана кажа дека градот е ослободен.

    Володимир Зеленски го отфрли тврдењето како дезинформација, а портпарол на украинската војска кажа дека тоа е пропаганда. Сепак, видео објавено од една руска воена единица покажува руско знаме како се вее меѓу урнатините на градот, кој пред војната имал 12.000 жители.

    Руските сили бавно и тешко напредуваат низ источна Украина додека разговорите за прекин на огнот не донесоа никаков напредок. Друга важна цел за Русите е Покровск, кој се наоѓа 60 километри југозападно од Часив Јар.

    „Теренот околу Часив Јар повеќе им одговараше на бранителите. Шумски области, водни патишта, ридови и разновидни објекти ѝ овозможија на Украина да спроведе одбранбена операција што траеше повеќе од една година“, изјави воениот аналитичар Емил Кастехелми.

    Тој додаде дека падот на градот ќе создаде услови за натамошно напредување на руските сили во источна Украина, но само постепено.

    Во своето ноќно обраќање, Зеленски кажа дека украинските сили околу Часив Јар ги бранат своите позиции, додека шефот на украинската војска Олександр Сирски изјави дека најсилните борби се водат кај Покровск.

    Битката за Часив Јар започна во април минатата година, откако руските сили, по уште една долга и крвава битка, го освоија Бахмут, кој е оддалечен само четири километри. Часив Јар денес е само руина.

    Сергеј Марков, поранешен советник на Путин, кој сега е коментатор, рече дека градот нема никакво стратешко значење и наместо тоа, илустрира како оваа војна може да трае уште многу години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира