РУСИТЕ РАКЕТИРАЛЕ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ПОЛТАВА, ВЛАСТИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА БИЛ ПОЛН СО ЛУЃЕ

    РУСИТЕ РАКЕТИРАЛЕ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ПОЛТАВА, ВЛАСТИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА БИЛ ПОЛН СО ЛУЃЕСпоред првичните информации, има најмалку двајца загинати и 20 повредени (Фото: Телеграм)

    Руски ракети погодиле трговски центар во градот Кременчук во регионот Полтава, кој, според претседателот Зеленски, во тој момент бил полн со луѓе. Снимките од местото на настанот покажуваат објект во пламен, а според првичните информации, има најмалку двајца загинати и 20 повредени. 

    Илјада луѓе имало во трговскиот центар во моментот кога бил погоден. Објектот не претставуваше никаква закана за руската војска, ниту имаше стратешка вредност. Тој е во пламен и невозможно е да се замисли бројот на жртвите“, напиша Зеленски на Телеграм.

    И градоначалникот на Кременчук, Витали Мелецки, изјави дека трговскиот центар бил полн со луѓе.

    Не знам зошто е погоден и колку луѓе се повредени или загинати“, кажа Мелецки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира