РУСИТЕ ВЛЕГОА ВО ИСТОЧНИОТ УКРАИНСКИ ГРАД ВУГЛЕДАР ПО ПОВЕЌЕ ОД ДВЕ ГОДИНИ БОРБИ

    РУСИТЕ ВЛЕГОА ВО ИСТОЧНИОТ УКРАИНСКИ ГРАД ВУГЛЕДАР ПО ПОВЕЌЕ ОД ДВЕ ГОДИНИ БОРБИВугледар е целосно уништен како последица на постојаните напади (Фото: Гети)

    Руските сили целосно го контролираат градот Вугледар, кој досега важеше за еден од украинските бастони во регионот Доњецк. Проруски воени блогери и еден украински функционер велат дека руските сили навлегле во центарот на целосно уништениот град, кој им одолеваше на руските напади повеќе од две години.

    Непријателот е речиси во центарот на градот“, изјави украинскиот гувернер на Доњецк, Вадим Филашкин.

    Вугледар е рударски град кој пред војната имал 14.000 жители и беше тежок за освојување зашто се наоѓа на висорамнина. Градот е сместен на пресекот на источниот и јужниот фронт, што му дава важност во снабдувањето на двете војски.

    Познатиот руски канал на Телеграм, Рибар, објави дека Русите го освоиле градот, што би можело да го забрза нивното напредување во Доњецк.

    Борбите за Вугледар особено се засилија во почетокот на 2023, при што голем руски обид да се заземе градот во февруари 2023 завршил со тежок пораз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира