Потпретседателката на руска банка умрела по пад од прозор во нејзинот стан во Москва минатиот петок, на 23 јуни.
Кристина Бајкова, 28, на висока позиција во Локо-Банк, е последната од серија мистериозни смртни случаи на познати руски бизнисмени.
- ВИСОКА ФУНКЦИОНЕРКА ВО РУСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА ПОЧИНА ОТКАКО ПАДНАЛА ОД 16. КАТ
- БИВШИОТ ШЕФ НА МОСКОВСКИОТ ИНСТИТУТ ЗА АВИЈАЦИЈА ПАДНАЛ НА РАБОТА ОД ГОЛЕМА ВИСОЧИНА И УМРЕЛ
- ПРОНАЈДЕН ЗАСТРЕЛАН НА БАЛКОН ДИРЕКТОРОТ НА РУСКАТА КОМПАНИЈА КОЈА ПРЕВЕЗУВАЛА ВОЕНА ОПРЕМА ВО УКРАИНА
- ДВАЈЦА РУСКИ МИЛИОНЕРИ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ ВО РОК ОД НЕКОЛКУ ДЕНА
Бајкова, паднала од нејзиниот стан на 11. спрат на булеварот Ходински во раните утрински часови минатиот петок. Умрела на лице место.
Кога се случил инцидентот, таа била со пријател, кого го поканила дома на пијачка.
Започната е истрага за нејзината смрт.
Серијата на необјаснети смртни случаи на високи функционери и бизнисмени во приватни компании се случува од почетокот на војната на Путин во Украина од февруари минатата година