По оштетувањето на подводниот телекомуникциски кабел во близина на Финска, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок алармираше за таканаречената руска флота во сенка и повика на дополнителни санкции од ЕУ.
„Речиси секој месец, бродовите ги оштетуваат важните подводни кабли во Балтичкото Море. Посадата на бродовите ги спушта сидрата во водата, ги влечат со километри преку морското дно без некоја очигледна причина и потоа ги кинат кога ќе ги повлечат нагоре“, изјави Бeрбок и рече дека и е тешко да поверува оти овие инциденти се обична случајност. „Ова е итен повик за будење за сите нас. Во дигитализиран свет, подморските кабли се комуникациските артерии што го држат нашиот свет заедно“, предупреди таа.
Кабелот Естлинк 2 меѓу Естонија и Финска беше прекинат во средата, а финските власти се сомневаати дека можеби е чин на саботажа. По прекинот, тие го задржаа танкерот за нафта „Игл С“ под знамето на Куковите Острови, чие сидро се смета дека го оштетило кабелот. Според ЕУ, бродот би можел да припаѓа на таканаречената руска флота во сенка – танкери и други товарни бродови кои Русија неофицијално ги користи за да ги заобиколи санкциите за транспорт на нафта, на пример.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во петокот изјави дека воената алијанса ќе ги засили патролите во регионот на Балтичкото Море додека финските истражители работат на утврдување дали брод поврзан со Русија извршил саботажа на подморски кабли.
За време на празничната сезона, беа пријавени и прекини на комуникациските кабли во Балтичкото Море.
Бербок предупреди дека „трошната руска флота во сенка“ претставува сериозна закана и за животната средина и за европската безбедност.
„Русија ја користи за финансирање на нејзината нелегална војна за агресија во Украина“, рече таа. Во средината на декември, над 50 бродови беа предмет на санкции на ЕУ и мора да следат уште повеќе, рече Баербок.