РУСКАТА ИНВАЗИЈА НА УКРАИНА ЌЕ СТАНЕ ПОШИРОКА И ПООПАСНА ПО НАЗНАЧУВАЊЕТО НА ВАЛЕРИ ГЕРАСИМОВ ЗА НОВ ЗАПОВЕДНИК, СМЕТААТ АНАЛИТИЧАРИТЕ

    РУСКАТА ИНВАЗИЈА НА УКРАИНА ЌЕ СТАНЕ ПОШИРОКА И ПООПАСНА ПО НАЗНАЧУВАЊЕТО НА ВАЛЕРИ ГЕРАСИМОВ ЗА НОВ ЗАПОВЕДНИК, СМЕТААТ АНАЛИТИЧАРИТЕГерасимов имаше клучна улога во планирањето на инвазијата (Фото: Гети)

    Војната во Украина би можела да стане поголема и поопасна откако нов заповедник на руската инвазија стана генералот Валери Герасимов, смета рускиот политички аналитичар Дмитри Тренин.

    Герасимов, кој повеќе од една деценија е началник на генералштабот на руската војска, доаѓа на местото на генералот Сергеј Суровикин, кој пак ја предводеше „специјалната воена операција“ само три месеци. Суровикин сега ќе биде еден од тројцата заменици на Герасимов.

    „Назначувањето на Герасимов значи дека важноста на операцијата порасна, а обемот на операциите би можел да се прошири од она што го гледаме денес. Сега сè е во рацете на севкупниот заповедник на руските вооружени сили“, вели Тренин.

    Иако Герасимов имаше клучна улога во планирањето на инвазијата, тој само еднаш бил во Украина од нејзиниот почеток, а понекогаш со недели го немаше во јавноста и дури не се појави на парадата за Денот на победата во Москва. Тој сега директно раководи со инвазијата, додека истовремено е главен соговорник со САД за прашања како деескалација.

    Некои аналитичари веруваат дека ова е обид на руското министерство за одбрана да воспостави поцврста контрола врз воената кампања во пресрет на распоредувањето на преостанатите мобилизирани резервисти во следните месеци. Киев очекува нова руска офанзива во рана пролет, можеби и порано.

    Шеесет и седумгодишниот Герасимов, кој е носител на орденот Херој на Руската Федерација, е четврти заповедник на руската инвазија откако почна пред неполни 11 месеци. Како и министерот Шојгу, и тој беше критикуван од воените блогери поради недостиг на успеси на бојното поле.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира