Руската влада нареди поправките на Кримскиот мост да завршат до јули 2023.
Единствениот мост кој ги поврзува Русија и анектираниот полуостров беше тешко оштетен минатиот викенд во експлозии, за кои Москва ја обвини Украина. Мостот долг 19 километри е клучна маршрута за снабдување на руските сили во Украина, но тешки возила сега не смеат да го користат.
Средната секција на две од четирите ленти на мостот се урнаа, а оштетена е и пругата. Моментално, камионите се превезуваат со траекти, а мостот во меѓувреме беше отворен за автомобили и возови.
Руската влада му нареди на единствениот изведувач на поправките да ја заврши работата до 1 јули 2023. Мостот беше отворен од Владимир Путин во 2018, четири години по анексијата.