РУСКИ БЛОГЕРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСКА БРИГАДА ЗА ЧЕТИРИ ДЕНА ИЗГУБИЛА СТОТИЦИ ВОЈНИЦИ ВО „БЕСМИСЛЕНАТА“ ОФАНЗИВА ВО ИСТОЧНА УКРАИНА, МОСКВА ДЕМАНТИРА

    РУСКИ БЛОГЕРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСКА БРИГАДА ЗА ЧЕТИРИ ДЕНА ИЗГУБИЛА СТОТИЦИ ВОЈНИЦИ ВО „БЕСМИСЛЕНАТА“ ОФАНЗИВА ВО ИСТОЧНА УКРАИНА, МОСКВА ДЕМАНТИРАВојниците на 155. поморска бригада снимени во 2021 (Фото: Министерство за одбрана на Русија)

    Руското министерство за одбрана за првпат од почетокот на војната во Украина се огласи за да демантира наводи за големи загуби во руската војска. Москва реагираше откако руски воени блогери објавија дека една бригада на руската поморска пешадија изгубила стотици војници во безуспешната офанзива во источна Украина.

    Ги отфрламе тврдењата на блогерите дека 155. поморска бригада на Пацифичката флота претрпела големи, бесмислени загуби во луѓе и опрема. Напротив, во период од десет дена, единицата напредуваше пет километри во украинските одбранбени позиции југозападно од Доњецк“, стои во соопштението на министерството за одбрана.

    Руските блогери се повикаа на отворено писмо на членови на 155. поморска бригада, во кое се жалат дека „биле фрлени во несфатлив напад на украинските сили југозападно од Доњецк“.

    Како резултат на ‘внимателно‘ планираната офанзива на нашите ‘големи генерали‘, за четири дена изгубивме околу 300 луѓе, убиени, ранети и исчезнати. Исто и половина од опремата“, стои во писмото, објавено од популарниот воен блог „Греј зон“.

    Писмото било адресирано на Олег Кожемјако, гувернерот на далечниот источен регион Приморје, илјадници километри од Украина, каде што бригадата е стационирана. Кожемјако изјави дека писмото е вистинско, но додаде дека тврдењата за загубите се претерани.

    Да, имавме загуби, таму се водат тешки борби, но бројките се далеку од она што се тврди“, изјави Кожемјако.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира