РУСКИ ГЕНЕРАЛ УБИЕН ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО МОСКВА

    РУСКИ ГЕНЕРАЛ УБИЕН ВО ЕКСПЛОЗИЈА ВО МОСКВАЕксплозијата се случи на паркинг во станбена населба во јужниот дел на Москва (Фото: Руски истражен комитет)

    Рускиот генерал Фанил Сарваров е убиен во експлозија на бомба во Москва. Рускиот Истражен комитет соопшти дека генерал-полковникот Сарваров починал откако бил детониран експлозив подметнат под неговиот автомобил.

    Педесет и шестгодишниот Сарваров беше шеф на одделот за оперативна обука на руските вооружени сили. Комитетот кажа дека се истражува можноста дека нападот го извеле украинските безбедносни служби.

    Експлозијата се случи на паркинг во станбена населба во јужниот дел на Москва. Снимките од местото покажуваат тешко оштетен бел автомобил со разнесени врати.

    Според руските медиуми, Сарваров учествувал во чеченските војни во 1990-тите и 2000-тите и водел операции во Сирија во 2015/16.

    Во изминатите две години, уште двајца руски генерали загинаа во експлозии во Москва. Украина никогаш официјално не ја презеде одговорноста за овие напади.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира