Високопозиционираниот руски генерал Олег Цоков загинал во украински ракетен напад на хотел во окупираниот град Бердјанск. Веста не е потврдена од руското министерство за одбрана, но за смртта на Цоков известија повеќе руски канали на Телеграм кои ја следат војната во Украина.
ТВ-водителката Олга Скабејева изјави дека речиси сите медиуми објавија за Цоков.
Генерал-полковникот Цоков беше заменик-заповедник на Јужниот округ на руската војска и Скабајева кажа дека нападот бил изведен со проектил „сторм шедоу“, што украинската војска ги доби од Велика Британија. Пратеникот и пензиониран генерал Андреј Гуруљов изјави дека Цоков се вратил во Украина, иако претходно бил тешко ранет кај Сватове во источна Украина. Во тоа време Цоков беше заповедник на 144. моторизирана пешачка дивизија.
Руските блогери објавија дека во нападот од 11 јули бил уништен хотел во кој биле сместени руски воени заповедници во Бердјанск, град на брегот на Азовското Море во југоисточниот регион Запорожје.