РУСКИ ВОЈНИЦИ УБИЛЕ ДЕВЕТЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ВО УКРАИНА КОЕ ОДБИЛО ДА ИМ ЈА ДАДЕ СВОЈАТА КУЌА

    РУСКИ ВОЈНИЦИ УБИЛЕ ДЕВЕТЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ВО УКРАИНА КОЕ ОДБИЛО ДА ИМ ЈА ДАДЕ СВОЈАТА КУЌАСлучајот во Волноваха го потврди и Русија, која кажа дека се уапсени две лица (Фото: Јавно обвинителство на Доњецк)

    Деветмина луѓе, вклучувајќи две деца, се убиени во нивниот дом во окупираниот украински град Волноваха. Киев верува дека руски војници го убиле целото семејство Капканец на 27 октомври зашто одбило да им ја даде куќата.

    Случајот го потврди и Русија, која кажа дека се уапсени две лица и дека станува збор за руски војници од далечниот исток. Украина и Русија покренале одделни истраги за масовното убиство.

    Според првичните информации, окупаторите го убиле целото семејство Капканец, кое прославувало роденден и одбило да им ја даде својата куќа на окупатори од Чеченија“, изјави украинскиот народен правобранител Дмитро Лубинец.

    Меѓу жртвите се и деца родени во 2014 и 2018.

    Рускиот Истражувачки комитет соопшти дека уапсените се војници од далечниот исток кои потпишале договори со руската војска.

    Според првичните информации, мотивот на злосторството бил домашен конфликт“, кажаа од комитетот.

    Волноваха, која се наоѓа во регионот Доњецк, беше освоена од руските сили во првите недели на инвазијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира