РУСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО ВАРНА ПРОДОЛЖИЛ ДА РАБОТИ ОД ПРОСТОРИИТЕ НА БУГАРСКАТА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА ОТКАКО БИЛ ЗАТВОРЕН ВО 2022 ПОРАДИ ШПИОНИРАЊЕ

    РУСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО ВАРНА ПРОДОЛЖИЛ ДА РАБОТИ ОД ПРОСТОРИИТЕ НА БУГАРСКАТА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА ОТКАКО БИЛ ЗАТВОРЕН ВО 2022 ПОРАДИ ШПИОНИРАЊЕЛокалната организација на БСП во Варна ги отстапила на Русија своите простории за неофицијално вршење конзуларни активности (Фото: Гети)

    Генералниот конзулат на Руската Федерација во бугарскиот град Варна продолжил да работи тајно во тамошните простории на проруската Бугарска социјалистичка партија (БСП) и откако бил затворен со владина одлука во октомври 2022 поради шпионирање. Активностите на затворениот конзулат се поддржани од руски граѓани кои активно шират проруска пропаганда на нивните профили на Фејсбук, објави бугарскиот сајт „Дневник“.

    Во јуни минатата година, Бугарија протера 70 руски дипломати и вработени во руски дипломатски мисии во земјата, што го вклучи речиси целиот персонал на конзулатот во Варна, меѓу кои и генералниот конзул Владимир Климанов. Државата потоа им ја предала зградата на конзулатот на општинските власти, со цел да се отвори градинка.

    Дневник“ пишува дека локалната организација на БСП во Варна ги отстапила на Русија своите простории за неофицијално вршење конзуларни активности, кои претходно биле укинати зашто биле закана за бугарската национална безбедност. Во името на конзулатот овие активности ги водела претседателката на Рускиот клуб во Варна, Марина Начева.

    Луѓето доаѓаат кај нас во врска со пасоши или пензии. Единственото место каде што можат да завршат работа се просториите на БСП“, кажа извор на „Дневник“ од Рускиот клуб.

    БСП е еден од можните партнери на ГЕРБ за формирање коалициска влада во Бугарија, која и натаму се наоѓа во политичка криза. Од почетокот на руската инвазија, БСП се противеше на испраќање воена помош во Украина и никогаш не ги осуди постапките на Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира